20 Мај, 2012
| Share |
Тимот на ЕнГен Решенија нуди и напредни компјутерски услуги кои ке го олеснат вашето работење со што ќе ви овозможиме непречна и беспрекорна работа на вашите компјутерски системи:
|
Во време кога целосното функционирање на сите системи во рамките на Вашата компанија е клучен фактор за добро функционирање, јасна е потребата од постојано и квалитетно одржување на компјутерската и мрежната опрема. Ова златно правило за добар бизнис особено важи кај оние компании кои немаат сопствен ИТ сектор, или пак обемноста на работата налага овие активности да ги врши професионален тим кој преку квалитетен и редовен план ќе овозможи функционирање на системите 24/7.
Следејќи ги светските трендови и нашето повеќегодишно искуство нашиот тим нуди целосно тековно компјутерско одржување според сите Ваши потреби.
Краткото време за кое нашиот тим ќе дојде во Вашите простории во комбинација со големиот број на партнери со кои имаме договори за обезбедување на резервни делови се гаранција дека проблемот ќе биде решен во најкраток можен рок. За повеќе детали како и за можните планови за тековно одржување Ве молиме да нѐ контактирате.
Безбедноста на секој компјутерски систем обезбедува непречена работа во рамките на Вашата компанија.
Секоја компанија во текот на својот развој гради мрежна инфраструктура која овозможува побрза и подобра комуникација со своите вработени и со своите корисници. Развојот на технологијата налага изградба на мрежна инфраструктура која ќе биде хибридна и ќе овозможи нејзин рапиден развој и надградба.
За таа цел нашиот тим Ви нуди целосен дизајн и имплементација на компјутерски мрежи со помош на сите светски технологии од кои би сакале да ги издвоиме:
|
| < Претходна |
|---|
copyright © 2009-2011 | енген решенија | сите права задржани
Top